15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од струен удар повредени тројца струшки пожарникари, гаселе пожар на покрив

Тројца пожарникари кои гаснеле пожар на покрив од куќа во близина на струшкото село Радожда се повредени од струен удар. Пожарот бил пријавен во куќа во сопственост на А.С. од истото село.

„При интервенцијата со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што биле пуштени на домашно лекување“, информираат од СВР Охрид.

Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК