15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со нови прогнози – Какво време да очекуваме?

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во западните делови со умерен до засилен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, повеќе застапени во западните делови и ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

T= 16 °C, P= 974 hPa, U= 80 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)