15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина Субрата Рој

Индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина денеска на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.

Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес. Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.

Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис.

Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.

Рој беше познат и во Македонија, тој пред десетина години беше своевидна икона на Владата на ВМРО ДПМНЕ најавувајќи огромни инвестиции во Македонија, кои не се реализираа.