26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Андонов: Обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен, без разлика колку ќе чини, држвата не дава никакви пари

„Обврска на инвеститорот е да ја изгради Чебрен. Ние нема да даваме никакви пари. Да биде и 500 и 700 и милијарда се обврска на инвеститорот. Пошто имаше тези еве тие намерно ставиле милијарда за ЕСМ да даде 330 милиони. Тоа не е така. ЕСМ учествува со пристапен пат, изградба на приклучок на мрежа, експропријација на земјиште и студија за животна средина и Тиквеш“ рече директорот за развој и инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во „Утрински печат“.

Тој додаде дека проекциите се дека изградбата ќе чини околу една милијарда евра, според бројки од 2022 година од релевантните извештаи за енергетика.

„Меѓутоа има една добра забелешка, 2022 година поради војната во Укрина се покачија цените на сите материјали, кои влијаат на цената на чинење. Само за една година од 2021 до 2022 растот бил 25 отсто. Сега веќе има тренд на намалување“ рече Андонов.

Тој објасни дека правото за управување и одржување на ХЕЦ Тиквеш ќе биде дадено три месеци по започнувањето со работа на ХЕЦ Чебрен, а не три месеци по стартот на градбата како што било предвидено во 2013 година.