25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ го реализира Чебрен и заштеди 100 милиони евра, за разлика од ДПМНЕ која не успеа во ништо, велат од СДСМ

СДСМ успеа да спроведе соодветна постапка со што започнува реализација на стратешкиот и исклучително важен енергетски проект Чебрен, инвестиција вредна над 1 милијарда евра, соопшти СДСМ.

„Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.

Чебрен е огромен енергетски капацитет кој позитивно ќе влијае на енергетската независност на земјава.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира.

Со успешната постапката којашто ја спроведе СДСМ заштеди 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.

СДСМ, со измена на таа одлука го внесе Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.

Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните.“ – се вели во соопштението.