22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за 13 Ноември: „Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје“

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, упати честитка до граѓаните по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

„Денеска, кога го одбележуваме 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците, кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје.

Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци, кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот, кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци.

Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје, заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици.

Честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје!“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК