Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Македонските социјалдемократи градат прогресивна Европа, Маричиќ е избран за член на претседателството на ПЕС, Шеќеринска останува потпретседателка

Конгресот денеска го избра новото раководство на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) меѓу кои останува Радмила Шекеринска, која е реизбрана за потпретседателка на ПЕС.

Македонските социјалдемократи континуирано градат прогресивна и одржлива Европа.

Свој придонес во заложбите и целите на Партијата на европските социјалисти за справување со предизвиците и создавање на нови можности за граѓаните ќе дава и секреторатот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, кој е избран за член на Претседателството на ПЕС.

Овој избор е од исклучителна важност за СДСМ и за Северна Македонија бидејќи преку активноста и учеството во Партијата на европски социјалисти имаме влијание врз економските, политичките и социјалните политики, со што повеќе им се приближуваме и поврзуваме со нашите европски партнери.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.