14.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Изгоре куќа, загина жена, има повредени

На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид.

Во гаснење на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.