-Вчера (09.11.2023), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода Д.С. (53) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно во текот на денот од трговски центар на подрачјето на Карпош одзел предмети, извести МВР.
Од него биле одземени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.