25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Пивара Скопје е пример за успешна и општествено одговорна компанија која секогаш се грижи за своите потрошувачи и купувачи

Пивара Скопје АД денеска им беше домаќин на Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и на Mинистерот за економија Крешник Бектеши.

На средбата со менаџментот на компанијата, генералниот директор Душан Митрев истакна дека Пивара Скопје како македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот и во исто време дел од корпоративните семејства на Coca Cola HBC и Heineken, секогаш градела и негувала меѓусебна соработка и партнерство со институциите во конструктивен дух, што ќе продолжи да го прави и во иднина.

Како општествено одговорна компанија со високи корпоративни стандарди, Пивара Скопје целосно го усогласува своето работење со сите законски прописи и без исклучок ги почитува сите важечки мерки и одлуки.

Менаџментот на Пивара Скопје ја поздрави подготвеноста на Владата и особено на Министерството за економија за аргументиран дијалог со бизнис заедницата, а сè со цел изнаоѓање заеднички решенија кои се пред сè во интерес на граѓаните, притоа истакнувајќи дека потрошувачите и достапноста на производите остануваат примарен фокус на сите активности на компанијата.