Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јовановиќ: Груевски направи стравични дисторзии во ова општество, од злоупотреба на јавна функција, криминали и насилства

„Стравувањата се големи за таканареченото враќање на Груевски во Македонија, исто така да не заборавиме дека Груевски направи стравични дисторзии во ова општество, од злоупотреба на јавна функција, криминали, насилства, прибирање на лична корист“, изјави политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ за емисија во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој смета дека ситуацијата наспроти кривичниот законик не е добро поставена. Владата го изгласа тоа со 61 пратеник, но сепак либерализацијата на земјата е далеку од посакуваната атмосфера, наспроти она што се однесува на кривичниот законик.

„Во секоја теориска книга стои дека „кичмата“ на една држава е правосудниот систем. Правосудниот систем би требало да докаже што е морално, што е исправно, и што е правично, се во интерес на граѓаните. Но, сепак гледаме дека правосудниот систем е клекнат на колена од пумпања на политичка моќ“, заклучи Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.