Во среда ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок и сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Прогноза за 08.11.2023
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне ќе засилува и ќе го промени правецот во северозападен.
Прогноза за 09.11.2023
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Прогноза за 10.11.2023
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 17°C
Променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер до засилен ветер од јужен правец.