Бев една од учесничките на Шарената Револуција заедно со многу други сограѓани на тие протести затоа што верував и верувам во таа идеја.
Апсолутно сум горда што бев дел од Шарената Револуција. Факт е дека многу работи требаше да се испорачаат побрзо. Меѓутоа, треба да сме свесни дека добар дел од законите коишто беа дел од реформата во правосудниот систем коишто бараше ЕУ да ги донесеме, беа блокирани и закочени со години. Забораваме дека има опозиција којашто има една единствена цел да блокира се што значи носење на закони без разлика дали се добри или лоши за државата, рече пратеничката од редовите на СДСМ Санела Шкријељ на Телевизија 21.
Таа додаде дека пред неколку месеци исто така имало измени во кривичниот законик кои се однесуваат на унапредување на заштитата на новинарите и медиумските работници со тоа што напад врз нив ќе се смета за напад врз службено лице. Во тие измени има и усогласување со истамбулската конвенција.
„Опоцијата излезе, не сакаше воопшто да биде присутна во салата да гласа. Не станува збор за тоа дали постоела искрена намера од оваа страна, да се унапреди правосудниот систем, и да се донесат потребните законски измени. Мора сите да сме свесни во какви услови работиме овие неколку години“ заклучи Шкријељ.