27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2023 година.

Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 ноември 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:

3.11.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
6.11.2023 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Можеби ќе ве интересира

Во станот запалил табла од јајца, а потоа се зафатил и паркетот – детали за драмата во Битола

ДЕСК

Изгоре возило со скопски таблички во Битола

ДЕСК

Со инженер од ЈП Водовод во тимот, Мециновиќ најавува решенија за Скопје

ДЕСК