Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пенов: Го подобруваме животот на граѓаните, до крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман

Со поддршка од ЕУ и од Министерството за локална самоуправа општина Ѓорче Петров решава важно прашање за граѓаните изградба на колектор за отпадни води што ќе се заштити животната средина и ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Орман, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска направи увид во завршните градежни работи.

„Овој проект се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Косово со вкупен износ од 329 илјади евра. Дел од сумата е обезбедена преку ИПА Програмата на ЕУ, со учество на Министерството за локална самоуправа од 15% и на општина Ѓорче Петров од 11.8%“, додаде Пенов.

Министерот Пенов изрази задоволство од динамиката на реализација на проектот кој што е од голема важност за заштита на животната средина и кој што решава важно прашање за жителите на село Орман.

„Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија е одлична можност за општините да реализираат важни проекти кои што се приоритетни за граѓаните. Министерството за локална самоуправа ги охрабрува општините да подготвуваат проекти и да аплицираат на јавните повици за прекугранична соработка, но притоа секогаш да ги имаат предвид реалните потреби на граѓаните“, додаде тој.

Изградбата на Колекторот е во завршна фаза и проектот ќе биде реализиран во предвидениот рок до крајот на годината.

„Имаме одговорност пред Европската Унија и пред сопствените граѓани средствата да ги користиме на транспарентен и отчетен начин и да реализираме проекти кои што прават позитивни промени преку подобрување на услугите и на квалитетот на живеење на граѓаните“, заклучи Пенов.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Вечерва Македонија избра луѓе што веруваат во работа, оваа убедлива победа не е крајот, затоа ветуваме дека ќе работиме уште повеќе

ДЕСК

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

ДЕСК

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

ДЕСК