Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Вадефул: Изразено очекување за силна германска поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, го прими Јохан Вадефул, заменик -ретседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

Соговорниците на средбата разговараа за актуелните политички случувања во земјата во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и за состојбите во поширокиот регион. Во тој контекст Пендаровски изрази очекување за натамошна силна германска поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија и посочи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион и на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски и Вадефул ја потенцираа потребата од спроведувањето на неопходните суштински реформи во сите сфери од важност за непречено одвивање на пристапните преговори. На средбата стана збор и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Германија и партнерството во НАТО, при што беше констатирано дека двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и остваруваат интензивен политички дијалог.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК