22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

УХМР ИЗДАДЕ МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Циклон носи поројни дождови, силен ветер и грмежи

Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни (на повеќе места над 30 л/м2), а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи се очекуваат попладне во западните делови. Температурите ќе се задржат релативно високи.