Претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степен.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне, преку ноќта и во сабота врнежите на места повремено ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот особено преку денот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).