18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа невреме со обилни и поројни врнежи, грмежи и силен ветер – Метеоцентар со детална прогноза за времето

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и поројни (над 30 л/м2) проследени со грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Прогноза за 03.11.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 19°C до 24°C

Променливо облачно и релативно топло. Попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 04.11.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Облачно со врнежи од дожд, на места обилни и поројни (над 30 l/m2), проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 05.11.2023
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југозападен правец со брзина над 60 km/h. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд.