АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање) на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, од 26.10.2023 г. до 01.11.2023 г., во период од 08:00 – 18:00 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа “Дади Компани” до бензинската пумпа “Хив”.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.