23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каевски: Ја повикавме опозицијата да се вклучи во процесот, но консензус се прави само со партија која мисли добро на државата

„Консензус се прави со искрена политичка партија која мисли добро на државата, која нема да опстуира и блокира се што може да се блокира. Ги повикавме во сите процеси да учествуваат“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека имаше и лидерска средба на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски блефираше и рече дека ќе гласаат за уставните измени доколку ДУИ излезе од Влада, има одложено дејство на уставните измени и им се дадат одредени министерски места.

„Ние го понудивме и премиерското место, но кога видоа дека тој блеф на поминува пак почнаа да кочат. Од самиот почеток ја повикавме опозицијата да учествува во овој процес, бидејќи е важен за државата и за граѓаните и заеднички треба да го добиеме тоа што треба“ рече Каевски.

Пратеникот додаде дека предлогот на СДСМ бил да се направи заеднички фронт, налик на тоа што се случи во Хрватска, за пократко да траат преговорите и до 2030 Северна Македонија да стане членка на ЕУ.