До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Прогноза за 02.11.2023
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Претпладне облачно со локален дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 03.11.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 24°C
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец со брзина над 60 км/час.
Прогноза за 04.11.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Облачно со врнежи од дожд, наместа обилни (20л/м2), проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.