ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, минатата недела санкционираа 196 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 23 до 29.10.2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 85 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.