22.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
drva
drva
МАКЕДОНИЈА

Им понудил огревни дрва и им собрал 8.000 денари на две сосетки – повеќе не се појавил

На 28.10.2023 во 15.00 часот во СВР Куманово, 63-годишн ажена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице.

Според пријавеното, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари. Како што е пријавено, лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.