Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 156 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за некористење сигурносен појас, 25 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.