Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува Урсула фон дер Лајен да излезе со позиција за безусловен почеток на преговорите со ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека од посетата на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, очекува таа да излезе со позиција нашата држава да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања ќе ги отпочнеме преговорите, иако како што потенцираше, свесен е за недостатоците што ги имаме на домашен план.

„Ценам дека на тој начин ќе се одаде признание и на државата и на граѓаните за сето она кое што го направија изминативе 23 години, од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, и ќе се одаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања, кои што мораше граѓаните да ги издегистираат, од промената на националното знаме па се до насилната промена на уставот и уставното име“, вели Мицкоски.

Тој очекува вакво признание од Урсула фон дер Лајен, посочувајќи дека „иако малку го почитува овој народ и држава, тоа е најмалку што може да направи“

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК