9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

На 26.10.2023 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар при СВР Скопје е лишен од слобода 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот од ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, казнива по чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ казниво по чл.201 од Кривичниот законик.