14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Тренчевска ја предводи делегацијата на РСМ во Измир, Туркије

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска утринава отпатува за Измир, Туркије. Тренчевска на покана на градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај, градоначалникот на Општина Тургутул, Четин Акин и претседателот на културното и солидарно здружение на македонските иселеници – „МАК – ГОЧ“ од Измир, Кадри Алтинкалп ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“ кој е организиран во соработка со Општина Чашка од Република Северна Македонија. На Фестивалот покрај учеството на Општина Чашка, учество ќе земат и локалните самоуправи Крива Паланка, Градско и Росоман со своите културно уметнички друштва.

Министерката покрај присуството на фестивалот ќе оствари и засебни средби со градоначалникот на Општина Каршијака, Џемил Тугај, градоначалникот на Општина Тургутул, Четин Акин и македонските здруженија од Измир, Маниса и Тургутлу.
Делегацијата од Република Северна Македонија е во состав на Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Заменик министерот за култура, Даим Лучи, градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и претставници на Општина Чашка.

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК