18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска: Платите во културата сега се достоинствени, културните работници тоа го заслужуваат

Фејсбук статус на министерката за култура, Бисера Костадиновска

➡️Со последното, септемвриско покачување, платите во културата од 2021 година до денес се поголеми за 43%. Растот на платите е пропорционално еднаков за сите културни работници и тоа е она што вработените во културата го заслужуваат.
➡️Заврши времето на манипулација со трудот на културните работници. Платите сега се достоинствени.
Ова се плати какви што културните работници заслужуваат, а јас и натаму ќе се борам за уште поголем раст.
🔶Нашата борба за повисоки плати е успешна бидејќи секогаш зборувавме со аргументите на правичноста и праведноста. Мораме така и да продолжиме.
➡️Со Колективниот договор во културата подготвен и потпишан во 2019 година, а од неодамна и со Општиот колективен договор постигнавме правичност во групирањето на работните места и праведно вреднување на трудот на вработените во културата за сите без исклучок.
➡️Овие договори денес спречуваат селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос без разлика за која позиција и работно место се работи во било која културна установа, а сега и во било која државна институција воопшто.
➡️Креативните и авторски позиции и понатаму добиваат плати достојни на нивниот статус, но еднакво и соодветно ги зголемуваме платите и на сите останати кои се дел од логистиката на културните настани, процеси и институции.
Костадиновска: Праведното вреднување на трудот предизвика раст од 43-50% на платите во културата