Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни и наместа поројни.
Синоптичарите велат дека до крајот на работната недела односно до петок времето ќе биде променливо облачно и ветровито со локални врнежи од дожд. Утре врнежи ќе има претежно во јужните делови и ќе бидат проследени со грмежи.
Веќе во петок врнежи се очекуваат кон крајот на денот, особено во северозападните делови.
После тоа следува стабилизација и невообичаено топло време.
Прогноза за 27.10.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во северозападните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 28.10.2023
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 29.10.2023
Миниална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.