24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште 35 војници одат во Косово, одлучи Владата

Владата на денешната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово.

„Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово“, велат од владината прес-служба.

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Северна Македонија.