До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Утре попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за појава на ретки грмежи. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.
Прогноза за 26.10.2023
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 25°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 27.10.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Променливо облачно со сончеви периоди со услови за појава на локален дожд во западните делови. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 28.10.2023
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец.