Centar.mk
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Возови од Скопје кон Битола и обратно од среда – само еднаш дневно

Од 25 октомври се укинуваат два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола.

На официјалната страница на Македонски железници, без да наведат подетални информации, само пишува дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.

Оваа одлука доаѓа неколку месеци откако Железница ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје за што жителите од Куманово и кумановско кои работат во Скопје жестоко реагираа.

Инаку, веќе со години нема возовите ни до Белград и Солун.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до Мицкоски: Сакате и понатаму да одвлекувате внимание од мигрантите или ќе ја потпишете Резолуцијата?

ДЕСК

Филипче: Социјални станови наместо шатори, мигрантскиот план е прочитан!

ДЕСК

Алиу на секторската работна група за здравство: Презентиран напредокот на националниот систем за трансплантација и реализација на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.