“Гледајте, прво пратениците се во Собранието на државата и не може пратениците да ги барате преку посредници туку тие се членови на парламентот и избрани од граѓаните и ги претставуваат граѓаните. Вие знаете дека оваа тема беше дел од работната група за уставни измени формирана во рамки на МП која што ги изработи уставните измени согласно со обврската која што ја имаме од преговарачката рамка, овие уставни измени се носат заради исполнување на нашиот дел од преговарачката рамка, со оглед дека во преговарачката рамка има одредби кои што треба ЕУ да ги исполни и кои што ги исполнија“, истакна Ковачевски во одговор на новинарското прашање.
Тој додаде дека се одржа прва меѓувладина конференција, македонскиот јазик веќе е дел од јазиците во ЕУ, се потпиша договорот Фронтекс, веќе е закажана втората меѓувладина конференицја и тн.
Она што се однесува до нас треба ние да го направиме во парламентот и затоа и уставните измени предложени и усвоени на комисијата за уставни прашања со мнозинство гласови и со утврден дневен ред на парламентарната пленарна сесија се заради исполнување на условот во преговарачката рамка“, потенцираше Ковачевски.
„Се она што е друго надвор од преговарачката рамка секако дека претставува дискусија во рамки на поширок политички дискрус со оглед на тоа дека се работи за прашања од кои што дел од нив се регулирани и со Охридскиот рамковен договор и за што секако дека ќе треба да има поголема вклученост на сите политички партии, меѓутоа не се поврзани со преговарачката рамка но секое прашање поставено од политички партии кои што претставуваат граѓани по своја дефиниција е секогаш легитимно, заклучи Ковачевски.