24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Датумот на изборите веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти

„Прво јас кажав во експозето кога станав претседател на Владата на 16ти јануари минатата година дека Северна Македонија ќе има редовни избори, после тоа експозе опозицијата во неколку наврати велеше дека изборите ќе бидат бидат предвремени, ќе биде минатата година во јуни па минатата година во септември, па минатата година во декември, па потоа ова година во не знам март, па ова година во септември па ова година во ноември и на крај да каже опозицијата дека ќе има редовни избори, така да тоа прашање кога кажав дека уште тогаш дека е апсорбирано, значи беше апсорбирано. За датумот на изборите тоа веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти не помеѓу две политички партии бидејќи секогаш и изборниот закон во државата и оддржувањето на изборите се прави согласно со закон, согласно со устав согласно со мандати, истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

„Ова година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори и сметам дека она што го има направено работната група каде не учествуваше за жал ВМРО-ДПМНЕ во делот на работата на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР дека ќе биде формирана и дека ќе можат сите да бидат на исто ниво на информираност и согласно тоа во наредниот период да се носат одлуките,“ потенцираше Ковачевски.

„Значи време има, политичка волја има, избори ќе има, тие ќе бидат редовни а кога ќе биде договорено, кога ќе бидат, бидејќи ние во моментот имаме претседателски избори кој што треба да се случат до соодветен датум, ние имаме парламентарни избори кој што имат свои рокови кога треба да се одржат кога ќе бидат усогласени сите ставови тогаш може да биде информирана и јавноста, до тогаш се на ниво на желби, на ниво на шпекулации а јас никогаш не комуницирам ни на ниво на желби ни на ниво на шпекулација.“, заклучи.