22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за Измените на законот за плати на функционерите: Министрите ќе работат со цел да дојдат до решение, кое ќе биде консултирано и од правен аспект

“Прво, тоа зголемување на плати беше направено врз основа на одлука на Уставен суд со кој што се укина неуставна одредба за замрзнување на основицата на платите на избрани и именувани функционери и со тоа практично се направи зголемување на платите на избрани и именувани функционери 1 050 функционери некаде, што значи дека нивните плати во текот на изминатите 12 години биле замрзнати практично што значи дека било спречено 6,5% годишно зголемување на платите, истакна Ковачевски во одговорот на новинарското прашање.

Тој потсети дека во теткот на корона кризата исто така имаше како дел од антикризните мерки ставање на платата на избрани и именувани функционери на минимална плата што исто така го укина Уставниот суд и затоа била формирана во рамки на владата работна група која што е составена од министри од областа труд и социјалата, економските ресори кои што ќе треба да изработат решение кое решение ќе биде оджливо и нема да биде пак предмет на поништување на Уставниот суд.

„Вчера е отворена дискусија во однос на тоа како би требало да изгледа тој модел, во текот на идните денови министрите ќе работат со цел да дојдат до решение, кое што решение ќе мора да биде консултирано и од правен аспект, дали е одржливо со оглед на тоа што се сака да се постигне усогласување на платата на ниво кое што ќе биде ајде да кажеме поприфатлифо а истовремено ќе биде и одржливо, значи министрите работат и штом ќе завршат сметам дека во текот на наредната недела или две ќе можат да излезат со решение кое што ќе може да биде презентирано на влада а подоцна и да биде пратено во собраниска процедура“, заклучи Ковачевски.