25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Посветено и одговорно работиме со цел да ја оствариме поставената цел – полноправно членство во ЕУ

„Посветено и одговорно работиме со цел да ја оствариме поставената цел полноправно членство во ЕУ затоа што тоа ќе значи пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители, поголеми можности за бизнисите, повеќе странски директни инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ, која е дури 11 пати поголема од поддршката која ја имаат земјите кандидати во однос на земјите членки на ЕУ “, истакна премиерот Димитар Ковачевски во посета на компанијата „Вивакс“.

„Ние сме прва земја во регионот која што е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата со која ќе понудиме повеќе области за поддршка но и авансна исплата на предложените бизнис идеи. Оваа можност би ја искористил да им порачам на сите заинтересирани земјоделци, агробизнисмени, и производители на храна, да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата. Јавниот повик за оваа програма е продолжен до крајот на месецот и сите заинтересирани треба што поскоро да ја искористат оваа можност да го модернизираат своето производство, да создадат конкуретни финални производи и да придонесат во развојот на економијата“, потенцираше Ковачевски.

Тој ги потсети медиумите дека била присутни кога министерот за земјоделство заедно со него ја презентирал ИПАРД 3 програмата, и се потпишала и спогодбата за користење на средставата и дека тоа не прави прва земја во регионот која што започна со користење на ИПАРД 3 програмата за поддршка на производството на храна и преработки од храна.

„И овој успех не е случаен, изминатите години со помош на ЕУ, овозможивме услови за модернизација на земјоделското производство, реализиравме многу преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерни земјоделски машини, системите за наводнување и мали бизниси од руралните средини. Сето ова се инвестиции вредни милиони евра и инвестиции кои овозможуваат дополнителен развој. За нашите успеси се зборува и деновиве за време на билатералниот скрининг во Поглавје 11 кое се однесува на земјоделство и рурален развој кој е дел од кластерот 5 ресурси, земјоделство и кохезија“, заклучи Ковачевски.