25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Груби: 2.000 нови вработувања! Саемот за вработување на „Бехтел и Енка“ сега и во Скопје

Саемот за вработување на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и 10 д продолжи со презентации и прифаќање на апликации за вработување и во градот Скопје. Оваа вест ја објави првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страна. Груби повторно ги повика сите заинтересирани лица да се пријават, бидејќи има 2.000 слободни работни места.

Целосен статус:

Новите 2.000 работни места во Bechtel & Enka се можност која не смее да се пропушти!

Продолжете да аплицирате со испраќање на вашето CV на hr@beuk.mk!

Од вчера (17.10.2023 – Вторник) продолжува презентацијата на профилите и критериумите за вработување во Бехтел&Енка и на плоштад Скендербег, плоштад Македонија и Капитол Мол во Скопје, процес кој ќе трае до 30 октомври.

Ве поканувам сите да ги посетите овие точки на презентација, да се информирате за можностите и да аплицирате, добивајќи професионален бенефит и станувајќи директен придонесувач во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8 и 10Д.