25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар од Скопје, во „сканиа“ превезувал мигранти

Вчера околу 20.40 часот на локалниот пат с.Стојаково-Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со светиниколски регистарски ознаки со полуприколка, кое го управувал, биле пронајдени 63 лица мигранти, од кои 55 мажи, шест жени и две малолетни лица.

По насоки од јавен обвинител, А.Д. бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.