Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДКСК ја потопи лагата на ДПМНЕ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски

-Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода, ДКСК ја потопи целосно, соопшти СДСМ.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.

Со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе.

Ништо не се менува во ДПМНЕ, предводена од Мицкоски. Освен блокади и ширење лажни вести, шпекулации и фабрикувани дезинформации ништо друго и не знаат.

ДПМНЕ сега најмалку што може е да им се извини на граѓаните за изнесените лаги.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК