25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На изборите следна година следи двоен пораз на антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ

-Антиевропскиот концепт на Мицкоски и ДПМНЕ е антимакедонски концепт. Тој антиевропски и антимакедонски концепт ќе биде поразен, соопшти СДСМ.

„Победата на СДСМ и Европскиот фронт на следните претседателски и парламентарни избори ќе биде двоен пораз за антиевропските Мицкоски и ДПМНЕ.

Граѓаните не сакаат нова изолација, нови иселувања на младите, стагнација и неизвесност. Граѓаните сакаат европска иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, сакаат младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.

Победата на СДСМ и Европскиот фронт на претседателските избори и на парламентарните избори и формирање на новата проевропска влада ќе го обезбеди правецот по којшто се движи земјата, да остане на европскиот пат.“ – се вели во соопштението.