12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и проевропската коалиција

„Нашата борба, на оваа генерација е да го исполниме аманетот на Илинден, АСНОМ и НОБ, да обезбедиме подобра иднината за нашата убава татковина. Тоа е политичката борба за европска иднина. Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и проевропската коалиција“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на обраќање на народен собир во Прилеп, с.Селце.

Тој потсети дека во 1991-та година е обезбедена независноста. Во 1993-та година државата стана членка на Обединетите нации. Во 2016-та година беше совладан режим. Во 2017-та година се обнови демократијата. Во 2020-та година станавме членка на НАТО. Во 2022-та година започнавме преговори со ЕУ, по цели 17 години од добиениот кандидатски статус при што македонскиот јазик, идентитет, култура, посебност се заштитија, а Македонскиот јазик е на исто рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ.

„Затоа ние, македонските социјалдемократи со гордост велиме дека го исполнивме аманетот на Блаже Конески, на џинот од Небрегово. Тоа е патриотизам, да го сочуваш јазикот, идентитетот, традицијата, културата, да го обезбедиш во Европа и светот“, потенцираше Ковачевски.
„А оние од опозицијата, кои великанот Коневски го нарекуваа „џуџето од Небрегово“, кои лажеа дека ќе имало асимилација и бугаризација ниту го поддржаа договорот од ФРОНТЕКСТ во Собранието ниту пак Законот за македонски јазик“, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Ново раководство ја продолжува мисијата на Националната агенција за спроведување на европските програми за образование и мобилност

ДЕСК

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

C +

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК