Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

12 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска го пречека стрелецот на двата клучни гола на последниот натпревар на албанската репрезентација против Чешка, фудбалерот од Куманово, Таулант Сеферин.

„Со емоции од големата победа на албанската фудбалска репрезентација против Чешка и големиот исчекор кон Евро 2024 во Германија, денеска на средба го пречекав стрелецот на двата одлучувачки гола, фудбалерот од Куманово, Таулант Сеферин.

Му честитав на Тауланти за одличните игри, духот и срцето што ги дава на црвено-црниот дрес на секој натпревар заедно со соиграчите и гордоста што ја всадија во нашите срца.

Успехот на репрезентацијата лежи во корените на сојузот! Посакав да продолжат патеките на победите и во ноември да го славиме големото достигнување пласман меѓу најдобрите во Европа!“, напиша Груби.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.