25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Викендов имаме рецепт за одличен појадок: Направете солени кифлички со кисела павлака

Подгответе вкусни кифлички со кисела павлака за појадок.

Состојките се:
520 гр брашно
1 кесичка сув квасец
1 кесичка прашок за пециво
1 белка од јајце
1 лажица шеќер
250 мл млеко
1 лажица масло
80 гр кисела павлака
1 жолчка од јајце, малку вода
семиња, по желба
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки. Млекото и маслото загрејте ги додека не станат млаки, па во смесата додајте го брашното како и белките и павлаката и сето убаво измешајте. Оставете да одмори 30 минути. Во меѓувреме подгответе плех обложен со хартија за печење.

Тестото ставете го на набрашнета површина, направете го да не се залепи и поделете го на два еднакви дела. Развлечете ги двата дела во што поголем круг, а потоа исечете ги на триаголници со саканата големина. Завиткајте ги од поширокиот кон потесниот дел и ставете ги на плех. Оставете да отстои 20 минути.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Кифличките премачкајте ги со мешавина од жолчка и малку вода – по желба посипете ги со семки – и печете 20-25 минути.

Тоа е тоа. Пријатно!