7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Османи: Северна Македонија не смее да го пропушти возот за ЕУ

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи учествуваше на дебата, организирана од страна на Институтот БИРС, што се одржа со студентите на Државниот универзитет во Тетово (УТ), на тема „Дали го пропуштаме возот за ЕУ?“.

Османи вели дека е оптимист оти уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината и дека земјата ќе остане на патот за забрзана интеграција во Европската унија, изразувајќи уверување дека процесот треба да се заснова на меритократија, но со достатно разбирање за актуелниот геополитички момент.

„Членка на ЕУ станувате кога ќе ги исполните условите, но во одредени геополитички моменти. Ако сте ги исполниле условите, но не е вистинскиот геополитички момент, тогаш вратата е затворена. Железната врата на ЕУ сега се отвора поради руската агресија во Украина. Ќе влезат земјите што се подготвени“, потенцира Османи во обраќањето пред студентите.

Министерот Османи изјави дека секоја земја од регионот имала свои предизвици на патот кон членството во ЕУ, а уставните измени се наша домашна задача што сме ја презеле со Преговарачката рамка меѓу нашата држава и ЕУ.

Османи истакна дека уставните амандмани се од суштинско значење за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, но и избегнување на вклучувањето на идентитетски и историски прашања во текот на овој процес, заклучувајќи дека прекинувањето на нашите евроинтеграции е историска грешка која не смееме да си ја дозволиме во овој миг.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК