24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: ММФ прогнозира двојно повисока инфлација од таа која ја говори Владата – Народот во Македонија тоне во сиромаштија

СДС се фали со економски резултат кој што е најнизок во регионот. ММФ потврди дека и Косово и Албанија и Црна Гора се пред Македонија, и нивните економии се подобри и за 50% во однос на растот, вела ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Како што велат од партијата, Македонија согласно последните проекции ќе има и понизок раст на ДДВ од сите земји во Западен Балкан, а во исто време граѓаните ќе ги осиромашува и високата инфлација која исто така е една најголемите во Европа. Впрочем за тоа говори и признанието на Битиќи кој кажа дека храната и основните производи во Македонија се поскапени за 46%, додека во Европа пораснале само за 11 %. Ова е уште еден доказ дека кај нас стандардот паѓа 4 пати побрзо отколку во останатите држави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дека состојбите не се подобруваат како што сака владата да ги престави покажува и прогнозата на ММФ кои кажаа дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу 10%, што е речиси двојно повеќе од проекциите на Владата кои се 5,6%. Инфлацијата во Македонија моментално е за 50% повисока од таа во Еврозоната, тоа е јасен показател, дека истата не е увезена, туку последица на неспособноста на Ковачевски, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.