24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, за тајмингот може да се разговара

„Во однос на изборите ние имаме јасен став и веќе тој став е апсолвиран, тие ќе бидат редовни. Во однос на тајмингот тоа е нешто кое може да се разговара. Во однос на тоа во кој месец ќе биде тоа е согласно роковите во собранието, сметам дека тука треба да седнат претставници на политичките партии на работно ниво кои што ќе можат да разговараат за деталите“, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањата на новинарите.

Тој додаде дека ќе влезе во процедура измената на изборниот законик, бидејќи во МП работи работната група составена од експерти и претставници на политички партии, единствено ДПМНЕ немала претставник во таа работна група, односно не сакаат тие да учествуваат во ништо, се во фаза на блокада и изолација.

„Меѓутоа законот согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР мислам дека е во финална фаза и тој веќе ќе влезе во процедура каде сите политички партии ќе треба да го разгледуваат. Нормално, на такво работно ниво со оглед нтоа што претстедалот на Собрание веќе одржкоординација со претставници на сите пратенички групиги информираше за датумите кога би можеле да се случаизборите, ќе може да се седне и на такво ниво да почнат да се договараат деталите. Се работи за работа на ниво на работни материјали“, заклучи Ковачевски.