Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Задолжителна проверка пред користење на платежните картички на интернет, апелира Македонската банкарска асоцијација

Македонската банкарска асоцијација се приклучува на апелите за внимание во врска со актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички.

„Во согласност со искуството што клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС-порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со ‘погрешна адреса’ на пратка заедно со линк, кој води до лажна веб-страница наменета за нелегално преземање податоци за картички и други лични податоци“, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

При користење на платежните картички на интернет, како што појаснуваат, постојат неколку задолжителни проверки, кои мора да бидат направени:

„Веб-страницата треба да биде безбедна (да има икона катанец пред името);

Проверка на називот на веб-страницата (особено делот по точката дали е логичен или намерно направен да ве измами);

Користете сигурна интернет-конекција (по можност приватна);

Доколку се сомневате во веродостојноста на понудата, не внесувајте детали од картичката (на пр., телефонски уред за 1 денар, сместување за неверојатно ниски цени, бесплатен авионски билет и сл.);

Проверувајте ја состојбата на вашите платежни сметки поврзани со картичките редовно и поставете си лимити за користење на картичките преку интернет“.

„Сите можни злоупотреби веднаш пријавете ги во вашата банка и во надлежните институции“, апелираат од Македонската банкарска асоцијација.

Можеби ќе ве интересира

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК

Поскапија угостителските услуги – оваа година плаќаме поскапо кафе и јадеме поскапа храна по локалите

ДЕСК

Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција

C +