Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш, тројца повредени

Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од патничкото возило „хонда“, Д.И.(42) од с.Воиславци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Струмица, соопшти МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛА КРУШЕВО ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, НАЈМАЛ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САРАЈ – До 15 часот 27.09 отсто излезност

ДЕСК

До 13 часот излегле 18,05 проценти од гласачите

ДЕСК

Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!

ДЕСК