„Подобро е да се одржат претседалските, па подоцна да се одржат парламентарните избори, меѓутоа тоа е моја перцепција и мое мислење. Тоа може да биде споделено во органите на партијата, на крајот ќе се донесе одлука. Секогаш треба да се направат анализи за тоа што е најдобро за партијата и коалицијата. Кога се прават овие анализи истите ќе бидат од аспект на тоа како ќе се настапува изборите, дали тие ќе бидат поделени, дали ќе се спојат со парламентарните избори, ако бидат раздвоени тие избори како ќе настапиме на претседателските избори“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.
Според Спасовски, дали ќе се оди во еден фронт за претседателски кандидат или за парламентарните избори, тоа е еден процес низ кој што преку анализа и истражување на јавното мислење, и истражување на фокус групи треба да се даде одговор на сите овие прашања.
„Во однос на коалицирањето, во 2019 година имавме избори во коишто имавме единствен кандидат со целата владина коалиција. Тоа може да се најави како можност и сега затоа што претседателските избори е можност да се обединат сите луѓе, не само политички партии, интелектуалци, невладини организации, интересовни групи коишто се определени за напредокот на Република Северна Македонија и за една јасна визија којашто треба да се оствари“, заклучи Спасовски.